Дописникот на МИА од Софоја јавува дека американската Амбасада во овој град на својата Фејсбук страница објави дека советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет допатувал во Софија со цел да продолжи стратешкиот дијалог меѓу САД и Бугарија за прашањата од безбедноста до просперитетот на односите.

Од фотографиите на веб-страницата на американската Амбасада во Бугарија се гледа дека високиот американски дипломат се сретнал со бугарските министри за одбрана, Стефан Јанев, и за надворешни работи Теодора Генчовска.

Посетата на Шолет на Бугарија е дел од неговата европска турнеја, во која ги посетува Софија, Букурешт и Брисел со цел зајакнување на партнерствата за време на кризата НАТО-Русија.

Во Букурешт, Шолет и неговата делегација се очекува да разговараат за распоредувањето на американски војници во Романија поради кризата со Украина.