Унгарија е способна да ја запре европската интеграција на Украина доколку не се исполнат гаранциите за енергетска безбедност дадени на Будимпешта, изјави советникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Балаш Орбан.
„Сега ги добивме овие гаранции, ако се покажат дека се повеќе од гаранции на хартија, тогаш соработката со Унгарија е можна, ако не, тогаш Унгарија ќе мора да размисли за уште построги и посериозни контрамерки. Ако Украина ги поткопа интересите на некоја ЕУ земји-членки во врска со енергетската безбедност, тогаш мислам дека приближувањето на Украина кон Европската унија мора да се запре“, изјави Балаш Орбан.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека Унгарија ќе стави вето на продолжување на санкциите против Русија за шест месеци доколку Европската комисија не ги исполни гаранциите за енергетска безбедност.