Украина има итна потреба од повеќе оружје од Западот бидејќи нееднаквоста помеѓу руската и украинската армија резултира со голем број на жртви од украинска страна.

Односно на линијата на фронтот, дневно од 100 до 200 украински војници ги губат своите животи вели советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак…

Претседателот Зеленски во видео обраќање вели дека иако неколку градови во регионот на Донбас се уште се под константно бомбардирање, засега украинската армија успева да се спротистави на како што вели окупаторите.

-Северодонецк, Лушанск и други градови во Донбас кои окупаторите ги означија како примарни цели, се уште се држат. Некои позитивности доаѓаат од регионот Запорожје, каде успеавме да ги поматиме плановите на окупаторите. Постепено се движиме напред во регионот на Харков, ослободувајќи ја нашата земја. Одбраната стои цврсто во регионот на Миколаев, вели Володомир Зеленски претседател на Украина.

Рускиот претседател Владмир Путин, пак, по повод 250 годишнината од раѓањето на царот Петар Велики, направи компарација помеѓу битките кој царот ги водел за враќање на руски територии со моменталната инвазија на Русија врз Украина… Запрашан за санкциите кои беа воведени од страна на западните земји, Путин вели дека руските компании нема да се затворат, но и дека ќе бидат потребни неколку години за Западот да може целосно да биде независен од руската нафта и гас.

-Петар Велики ја водеше големата северна војна на 21-годишна возраст. На некому можеби му се причинува дека бил во војна со Шведска, дека одзел нешто од нив. Ништо не им зел, туку си го вратил. Очигледно дека и на нас останува да го вратиме тоа што е руско и да ја зајакнеме земјата. Ако тргнеме од фактот дека тие темели вредности се темелите на нашето постоење, сигурно ќе успееме да ги решиме проблемите кои се пред нас.-Владимир Путин претседател на Русија.