Пченица е исфрлена од некои диети, како што е палео диетата, на пример, и не треба да ја консумираат луѓе кои се чувствителни на глутен.
Сепак, многу е застапена во медитеранската исхрана, за која е познато дека е многу корисна за здравјето.
Одлично е за здравјето на цревата, што е извор на нашиот имунитет, го зајакнува метаболизмот и содржи железо, цинк, селен како и витамин Б!
Состојки:
1 кг пченица
50 грама суво грозје
50 грама ореви
50 грама лешници
50 грама бадеми
Подготовка:
Потопете ја пченицата преку ноќ, па утредента гответе ја полека барем три часа.
Вода додавајте полека, така што никогаш да не биде премногу.
Сомелете ги оревите, лешниците и бадемите.
При крајот на готвењето додадете ги во житото и варете ги уште десетина минути.
Оладете ја смесата и чувајте ја во фрижидер.
Јадете секогаш кога ќе се чувствувате гладни со малку мед, цимет или какао во прав.
Можете исто така да додадете малку цимет и морско оревче.