Најголемата ѕвезда на бразилската фудбалска репрезентација, Нејмар помина 14 минути легнат на тревата по стартови над него на досегашните натпревари од Светското првенство.
Нејмар по дел од нив оправдано бараше интервенција од медицинската екипа, но имаше и добар дел каде што глумеше повреда. Поради тоа мислењата во светската јавност одат од крајност до крајност. Едни сметаат дека Бразилецот мора да биде повеќе заштитен на теренот од групи стартови над него, додека други го осудуваат неговото однесување со образложение дека фудбалот не е балет.
Бразил утревечер (20 часот) во четвртфиналето ќе игра со Шведска и останува да се види дали овие реакции ќе влијаат на судиите да го сменат критериумот кога е во прашање Нејмар, во продолжението на Мундијалот.