На Светското фудбалско првенство во Русија формирани се четвртфиналните двојки, откако синоќа беше комплетирана осминафиналната фаза.
Денеска и утре осумте репрезентации кои останаа на Мундијалот имаат пауза, а потоа, на 6 и 7 јули на програмата се следниве натпревари:
6 јули: Франција – Уругвај (16 часот ) и Бразил – Белгија (20);
7 јули: Шведска – Англија (16) и Русија – Хрватска (20).
По овие средби следува три дена пауза, по што на 10 и 11 јули ќе се играат полуфиналињата.
Мундијалот завршува со финалето закажано за 15 јули.