Меѓународната хокеј-федерација (ИИХФ) заработи помеѓу 25 и 27 милиони долари од Светското првенство во Словачка. Ова го најави претседателот на ИИХФ, Рене Фасел.
– Заработивме приближно исто во споредба со другите светски првенства. Станува збор за приход од маркетинг, телевизија. Ова е помеѓу 25 и 27 милиони долари. Ние не сме профитабилна федерација, парите одат во организација на разни турнири, изјави Фасел.
Светското првенство се одржа од 10 до 26 мај во Братислава и Кошице. Победник е финската репрезентација, која во финалето ја совлада Канада.