Македонската ракометна репрезентација го доживеа четвртиот пораз на Светското првенство и во последниот настап утре ќе игра за 15. место.
Избраниците на Раул Гонзалес попладнево загубија од Русија со 30:28 во разигрувањето за пласман од 13-16 место.
Најефикасен во македонскиот тим беше Кирил Лазаров со осум погодоци, Жарко Пешевски постигна пет.
Во победничкиот состав се истакнаа Житников со осум и Косортов со пет погодоци.
Противник на Македонија во последниот меч на Мундијалот, утре од 13 часот ќе биде подобриот од дуелот Чиле – Катар