Светскиот првак на 100 метри, Американецот Кристијан Колмен, одлучи да се повлече од настап на трката на 200 метри на шампионатот во Доха.
Според менаџерот на Колмен, Емануел Хадсон, најбрзиот спринтер на светот синоќа после победата, чувствувал затегнување во мускулите и не сака да ризикува, па го откажа настапот на трката на 200 метри, на која истотака ќе беше меѓу фаворитите за златото.
Квалификациите на 200 метри се трчаат вечерва. Според резултатите годинава, прв фаворит за победа на 200-ка е Ноа Лајлс од САД. Главен настан вечерва е финалето на 100 метри за жени, како и мешаната штафета 4х400 метри.