Селекацијата на Полска ја совлада Саудиска Арабија со 2:0, а капитенот на репрезентацијата на Полска, Роберт Левандовски го постигна својот прв гол на светските првенства.
Левандовски во 82 минута постигна гол за 2:0 на натпреварот против селекцијата на Саудиска Арабија во второто коло од Мундијалот.
Ова е вкупно 77 негов погодок во дресот на Полска на 136-тиот настап за репрезентацијата.
Во терминот од 11 часот, Австралија го совлада Тунис со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Мичел Дјук во 23-тата минута од средбата.
Со овој триумф Австралија остана во трката за пласман во осминафиналето, но за влез во следната рунда и треба победа во мечот со Данска.