Репрезентацијата на Хрватска ја победи Канада со 4:1 и ги задржаа шансите за пласман во плејофот, додека Канада не успеа да ја помине Ф-групата на Светското првенство, откако го претрпи вториот пораз.
Головите за Хрватска ги постигнаа Крамариќ (два) Ливаја и Мајер, за Белгија погоди Дејвис.
Канаѓаните во 1. коло загубија од Белгија (0:1) и по две кола немаат освоено бод.
Хрватска е на 1 место, Мароко е на 2 место, селекциите имаат по 4 бода, Белгија е на третото место со три бода.
Во последното коло, Хрватска ќе игра со Белгија, Мароко со Канада. (МИА)