Репрезентацијата на Катар денес загуби од Сенегал во второто коло на Светското првенството кое се одржува во нивната земја. Сенегал победи со 3:1 и ги остави домаќините само со теоретски шанси за поминување на групата.
Пред комплетирање на второто коло пласманот во А-групата изгледа вака: Холандија 3 бода, Еквадор 3, Сенегал 3, Катар 0.
Вечерва Холандија игра со Еквадор, а во последното коло на 29 ноември двојките се:
Холандија – Катар и Еквадор – Сенегал.
Доколку Холандија денеска го победи Еквадор или мечот заврши нерешено, Катар ќе ги загуби шансите да се пласира во осминафиналето. Единствена шанса за азискиот тим е поразот од Холанѓаните.
Катар во последното коло ќе треба да ја победи Холандија и да се надева на пораз од Сенегал од Еквадор, па дури и да ја заврши групата со подобра гол разлика.