По денешните победи во првите средби од новоформираната Л-група, селекциите на Франција и на Австралија си обезбедија учество во четвртфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина.

Постигнати резултати:
Австралија – Доминиканска Република 82:76
Франција – Литванија 78:75.

Табела: Франција и Австралија по 8 бода, Литванија и Доминиканска Република по 6.

Завршија и денешните натпревари во К-групата каде се уште е отворено прашањето кои две од четирите репрезентации ќе одат понатаму, иако САД се со најголеми шанси.

Резултати:
Бразил – Чешка 71:93
САД – Грција 69:53.

Табела: САД 8 бода, Чешка 7, Бразил 7, Грција 6.