На Светското ракометно првенство во Полска и Шведска денес е слободен ден, па најдобрите осум репрезентации кои останаа во завршницата имаат малку време за рехабилитацијата по вчерашните тешки натпревари во четвртфиналната фаза.
Постигнати резултати:
Данска – Унгарија 40:23
Норвешка – Шпанија 34:35 (по две продолженија)
Франција – Германија 35:28
Шведска – Египет 26:22.
Утре во полуфиналето ќе играат:
Шпанија – Данска (18 часот)
Франција – Шведска (21 часот).
Претходно во текот на денот за пласман од 5 – 8. место ќе се соочат:
Германија – Египет (15:30 часот)
Норвешка – Унгарија (18 часот).