Машката ракометна репрезентацијата на Македонија губи 7 гола разлика (11-18) по првите 30 минути од натпреварот против Холандија, во второто коло од Светското првенство кое е во тек во Полска.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа рамноправни само во првите пет минути од мечот, кога водевме со 1-0, 2-1 и 3-2. Потоа следуваше серија од 5-0 на Холанѓаните за водство од 7-3 по што „лалињата“ не го испуштија водството до крајот на полувремето.
Четворица македонски репрезентативци имаат по два гола: Атанасијевиќ, Кузмановски, Манасков и Пешевски. Четири одбрани Никола Митревски, а три повеќе на спротивната страна Равенсберген.