Ропк групата The Killers во соработка со филмскиот режисер Спајк Ли сними музички спот за својот најнов сингл Land of The Free, протестна песна против планот на американскиот претседател Доналд Трамп да изгради ѕид на границата со Мексико.
Ли го снимил спотот во крајот на 2018 година.
Сцените прикажуваат пат на мигрантите и нивни судири со припадници на американските сили за безбедност. Бендот ја опишува песната како „искрена жалопојка поттикната од актуелните случувања и неодамнешните национални трагедии кои ги погодија САД“.