Шпанската хуманитарна организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека денеска спасила 117 мигранти од небезбеден дрвен брод во Средоземно Море.
Бродот испловил од Либија, а со него се превезувале мигранти од Етритреја, Судан и Либија. Помеѓу патниците имало и 25 жени и едно тригодишно момче.
Спасувачката мисија е извршена во меѓународни води на десетици километри од брегот на Либија.