Оливер СПАСОВСКИ на ФБ демантира дека се лечи на приватна клиника
„Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест. Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира.“