Сите се согласни дека на СДСМ му се потребни итни промени, почнувајќи од самиот врв на партијата. По катастрофалниот изборен резултат на партијата од „Бихачка“, се сплотуваат екс-партиските функционери, сплотени во целта дека за доброто на партијата од нејзиното претседателско столче треба да биде симнат Венко Филипче, објави Курир.
КУРИР од свои извори дознава дека во текот на денешниот ден средба одржале поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на СДСМ, Оливер Спасовски и поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
Двајцата некогаш високи функционери во СДСМ очигледно ги сплотила целта да биде утврдена стратегија за “рушење“ на наследникот на Заев и Ковачевски, Венко Филипче.
Како што дознава Курир, средбата се одржува денеска, во најстрогиот центар на градот, во близина на улицата „Македонија”.
Освен идејата дека Филипче треба да биде симнат од „тронот“ во СДСМ, нашите извори велат дека се шпекулира дека Спасовски, меѓу другото, има за цел и да обезбеди политичка заштита, бидејќи атакува токму тој да го презеде лидерското место во опозициската партија.
Спасовски, според извори на КУРИР, бара приврзаници кои имаат потенцијален предизвик со законските прописи. Еден од нив е, како што дознаваме, е зетот на Алберт Муслиу, Дарко Каевски.




