Техничкиот премиер Оливер Спасовски уште еднаш ги повика граѓаните, особено младите, да ги почитуваат целосно мерките за заштита од коронавирусот бидејќи во спротивно ги ризикуваат своите, но и животите на нивните семејства.
Спасовски во вечерашното он-лајн интервју ги повика оние кои се уште однесуваат лекомислено, не го почитуваат своето семејство и го изложуваат на ризик, да се приклучат на мерките.
– Сите треба да ги почитуваме мерките на епидемилозите, бидејќи само така можеме да се заштитиме, да останеме здрави, да се справиме со состојбата и да не дојде до ширење на вирусот. Јавната свест е на ниско ниво и затоа мерките се зајакнати, целосно се затворени кафаните, рестораните, моловите, обложувалниците за да влијаеме на граѓаните да го сменат своето однесување, истакна Спасовски и како пример ги наведе собирање на младите на Водно.
Вели дека полицијата превентивно реагира, но не може секаде да стигне и затоа апелира да се пријави секое поголемно собирање луѓе и јавно да им се укаже дека со тоа го ризикуватаат својот и животите на другите. Со таквото однесување, нагласи, се намалува и ефикасноста на мерките.
– Џабе е ако институцците преземаат мерки, а ние сме неодговорни и доведеме до поголемо ширење на вирусот, порача Спасовски и апелира посебно до младите да останат дома и енергијата да ја насочат на кретивни начини во корист на државата и оштеството.
Тој истакна дека сите институции на државата функционираат со полн капацитет за спроведување на препораките и спречување на ширењето на вирусот.