Министерството за внатрешни работи си ја завршило својата работа во врска со случајот на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети во чиј автомобил беа запленети 749 пиротехнички сретства.

Министерот Спасовски и денеска посочи дека сега на потег е обвинителството и дека во наодите кои ги доставиле до обвинителството предлагаат случајот да се води и по членот 396. Сепак новите измени во кривичниот законик предвидуваат нешто поблаги казни за поседување петарди и огномети а нивниот превоз парично се казнува но можна е и казна затвор до 3 години.

Од обвинителството и денеска велат дека вештачењето на пронајдените пиротехнички сретства е во тек и откако ќе биде завршено ќе биде изречена соодветна казна според новиот кривичниот законик

– Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката. – велат од ОЈО.

Ова не е прв случај каде во медиумите се спомнува името на внукот на Ахмети. Во јавноста  познат по тоа што стана сопственик на зградата на Соравиа во центарот на Скопје кога на пресконференција пред новинарите елаборираше како се стекнал со својот удел и со сретства за да ја купи зградата и исплати долговите.