Министерот за внатрешни работи на Фејсбук напиша дека на денешната седница Владата го прифатила предлог решението на МВР за личните карти и од утре продолжува нивното печатење и издавање.
„Владата на РМ на денешната седница го прифати предлог решението на МВР за проблемот со лични карти. МВР од утре продолжува со печатење и издавање на лични карти со новите обрасци“, напиша Спасовски.