Критиката кон Катица Јанева ја упатив уште во јануари годинава за притворањето на одредени осомничени и нивно ослободување. Ја дадов таа критика затоа што имав одредени сознанија за тоа, а многу е лесно во такви моменти обвинителите да реагираат и да кажуваат секој да си ја гледа својата работа, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју на Канал 5.
– Укажувањата дека не може да се стави Орце Камчев во притвор, а потоа да се пушти дома, според мене е доволно за сомневање дека има нешто што не е во ред. Не мислев дека Јанева ќе дојде до оваа позиција, затоа што според одговорноста што ја добила да исполни одредени цели не смее да си го дозволи тоа, затоа што има одговорност кон граѓаните. Овде се работи за институција која што требаше сериозно да се спротистави против криминалот. Таа институција не дека не го исполни очекувањето. Направија многу добри работи кои ги гледаме низ предметите кои што ги водат. На основа на тие истраги кои ги водат обвинителите од Специјалното обвинителство има пресуди и ќе има пресуди и никој неможе да ја избегне таа одговорност, нагласи Спасовски.