Пратеничката група имаше координација. Разговаравме за прашањата кои се важни за организацијата на пратеничката група. Дали ќе дадеме поддршка за законите за реформа на администрацијата, треба официјално да дојдат во Собрание. На невидено не може да дадеме поддршка или неподдршка. Треба да ги видиме законите, изјави пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, во однос на најавените законски измени за трансформација и реорганизација на министерствата кои ги најавуваат од владеачкото мнозинство.
На новинарско прашање кои комисии очекува да им припашаат на нив, тој нагласи дека законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии.
Околу тоа кога очекува да заврши овој процес, тој рече дека динамиката за ова зависи од претседателот на Собранието.
-Динамиката за тоа кога ќе биде затворен целиот тој процес, сепак зависи од претседателот на Собранието. За нас е важно да помине процесот низ консултаици во кој што ќе добиеме максимална усогласеност помеѓу политичките субјекти, се со цел Собранието да континуира на еден нормален начин. Така што, јас очекувам дека тој процес ќе се одвива квалитетно, а не да гледаме кога тој би завршил, истакна Спасовски.