Влеговме во НАТО, a ќе ја оствариме и втората стратешка цел членството во ЕУ, порача носителот на листа во ИЕ2 на Коалицијата „Можеме“ Оливер Спасовски на средба со граѓаните во скопската општина Ѓорче Петров.

– Сигурност се членството во НАТО и европските интеграции и тоа е правиот пат за сите нас. Влеговме во НАТО. Едната стратешка цел на државата ја остваривме. Можеме и во ЕУ. Добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и тоа е почеток на остварувањето на втората страешка цел на нашата држава. Во следните 4 години, до 2024 година, ќе отвориме 80 проценти од поглавјата за интеграција во Европската унија. Тоа ќе значи 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава. Тоа се повеќе пари во справувањето со коронакризата, за здравството, за новата развојна македонска економија, за еколошки чиста држава, за земја со модерни патишта, водоводи, канализации, европско земјоделство, за европски стандарди – дома, изјави Спасовски.

Тоа, како што посочи, се можности за извоз на македонските производи, за развој на претпријатијата, за повисоки плати за вработените, за нови вработувања, за гарантиран брз економски развој.

>– На таа трака е нашата држава. И не сме повеќе сами и незаштитени. Обезбедивме сигурна индина за нас и за нашите деца. НАТО, ЕУ се сигурност. Тоа е опцијата пред нас. Спротивното е опасност: обнова на режим, нови закани, нови уцени, нови поделби, нови кавги со соседите и светот, меѓународна изолација. И тоа се пусти надежи на Груевски, обновен во Мицкоски. Назад веќе нема, на прав пат сме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро, по НАТО и во ЕУ, истакна Спасовски.


Од истата категорија