Економскиот совет на СДСМ дефинира нов пакет мерки за заживување на економијата и иден подинамичен развој, објави премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.
– Мерките треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство, наведува Спасовски во објавата.
Тој натаму потенцира дека следува период кога Владата, министерствата и директорите на економските институции ќе разговараат со синдикатите, коморите и сите други соодветни институции и ќе ги објавуваат овие мерки.