Известувачка на ОН за човекови права денеска треба да пристигне во Турција за да го истражи случајот на саудискиот новинар Џамал Кашоги, речиси четири месеци по неговото убиство во конзулатот на Ријад во Истанбул.
Агнес Каламард ќе престојува во Турција до 3 февруари за да собере докази и други документи за смртта на Хашоги, пред состанокот на функционерите на ОН закажан за јуни.
Посетата е во време кога Саудиска Арабија вложува напори за нормализирање на односите со меѓународната заедница, која го доведе во прашање кредибилитетот на истрагата на Ријад за убиството на Кашоги.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претходно изјави дека нема овластување да започне истрага за смртта на Кашоги, и оти ниту една земја не поднела официјално барање за покренување истрага.
Тимот на ОН сега ќе ги процени чекорите преземени од страна на турската и саудиската Влада за решавање на случајот, изјави Каламард за Интернет страницата на одделот на ОН за човекови права минатата недела.
Експертите на ОН, исто така, ќе ги проценат „природата и степенот на државите и одговорностите на поединците за убиството“.