Со влезот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари во владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, директорските места на некои од скопските клиники се пополнија со нивни кадри.
Еден од нив е и актуелниот организациски директор на скопската Клиника за Гинекологија, Јетон Шаќири, кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албаниците.
Според извори на Фокус тој е специјализант по хигиена, кој пред три месеци е донесен на клиниката, откако беше сменет претходниот економски директор. Доаѓа секој ден од кумановско Матејче, секој ден патува на релација Куманово-Скопје.
Уште со првото доаѓање на клиниката, со одлука на Управен одбор тој добива патни трошоци, кои се движат од 25 до 30.000 месечно во зависност од тоа колку денови има во месецот.
Според член 30 од Законот, работникот има право на надомест на трошоци за користење на сопствен автомобил во службени цели во висина од 30 посто од цената на литар гориво за соодветно возило, по поминат километар со патен налог.
Откако Шаќири добил зелено светло од Управниот одбор на клиниката, за овој краток период од два месеци, тој земал 54.000 денари за патни трошоци.
Целиот текст на Фокус.мк