Бизнис магазинот Forbes објави листа на Топ 100 најмоќни и највлијателни жени во светот за 2024 година.

Оваа листа е создадена врз основа на четири главни критериуми – пари, медиуми, импакт и сфери на влијание.

На првите четири места се жени од сферата на политиката.

Како најмоќна жена за 2024 година, како и лани, се наоѓа претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен (66).

По неа следува Кристин Лагард (68), која ја врши функцијата претседателка на Европската централна банка.

На трето место е премиерката на Италија, Џорџа Мелони (47), која годинава беше избрана за најмоќна жена на светот, според „Политико“.

На четвртата позиција е Клаудија Шејнбаум, претседателката на Мексико.

Меѓу првите десет се и милијардерките и филантропки Мекензи Скот, бившата жена на Џеф Безос и Мелинда Френч Гејтс. ексопругата на Бил Гејтс.

Ова се првите десет најмоќни жени според Фобс.

 

  1. Ursula von der Leyen, president of the European Commission

  2. Christine Lagarde, president of the European Central Bank

  3. Giorgia Meloni, prime minister of Italy

  4. Claudia Sheinbaum, president of Mexico

  5. Mary Barra, CEO of General Motors

  6. Abigail Johnson, CEO of Fidelity Investments

  7. Julie Sweet, chairwoman and CEO of Accenture

  8. Melina French Gates, philanthropist

  9. Mackenzie Scott, philanthropist

  10. Jane Fraser, CEO of Citigroup