Според податоци од сите 24 избирачки места од изборниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Валандово нивниот кандидат Ѓоко Камчев е новиот градоначалник на оваа општина.

Камчев има предност од околу 250 гласови пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Перо Костадинов, кој се бореше за трет градоначалнички мандат.