Реагираа полицијата и Обвинителството по интервјуто на јутјуберот Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас, во кое беа споделувани детали од практикување насилен сексуален однос. Сепак, од МВР нема конкретна информација поради сомнежи за какво дело полицијата решила да се активира.

„Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување“, рекоа од МВР.

Од Обвинителството пак, кусо одговорија дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.

Ваквите постапки на институциите следуваат по бурните реакции во јавноста, а во дел од нив за Латас беше посочено дека сексуално злоставувал девојка. Ваквите обвинувања тој ги демантираше на социјалните мрежи и кажа дека против него се води хајка. Латас напиша дека во интервјуто немало изјава од него дека девојка била силувана.