Раководството на Барселона одлучи да го остави Кике Сетиен на чело на тимот, информира весникот „Спорт“. Тренерот ќе ги води Каталонците во Лигата на шампионите во август, а потоа на крајот ќе одлучи за следната сезона.
Утре поранешните шампиони во Ла Лига ќе гостуваат кај Алавеш во нивниот последен шампионски натпревар, по што фудбалерите ќе имаат пауза од 6 дена. За време на оваа пауза, Сетиен и газдите ќе ги анализираат фактите за неуспешната пролет.
Сигурно е дека тренерот ќе ја поведе Барса во реваншот против Наполи од осминафиналето во Лигата на шампионите, бидејќи мечот на „Камп Ноу“ ќе се одигра на 8 август. Доколку шпанската екипа го елиминира противникот (1:1 во првиот натпревар), тој ќе замине во Португалија, каде турнирот ќе се игра во формат од еден натпревар.
Сепак, постои можност самиот Сетиен да одлучи да си замине, што ќе ги промени краткорочните планови на раководството.