Ивет Пријето, сопругата на кошаркарот Мајкл Џордан, беше снимена како го обиколува националниот парк Крка со пријателите.
Таа се прошета со шорцеви и горен дел од костимот за капење, носеше очила за сонце и маска.
За тоа време Џордан остана на јахтата во Скрадин.
Ивет е американска манекенка која работела за многу почитуваниот американски дизајнер Александар Ванг. Поради кубанското потекло, таа учествуваше и во документарниот филм Cuba: An Island Apart. За време на снимањето, таа го запозна Мајкл, со кого се омажи во 2013 година, а една година подоцна тие добија близнаци.
Да потсетиме, Ивет и Мајкл викендов пристигнаа во Хрватска. По слетувањето на аеродромот Ресник со приватен авион, тие го започнаа својот одмор на јахтата О’Пари, чие неделно изнајмување чини еден милион евра.