Околу 7 часот утрово, голем број припадници на МВР и на српската армија, беспилотни летала и кучиња трагачи ја окупираа Кањижа во потрага по експлозивни направи, што се закануваше да го загрози протокот на гас што ги поврзува Србија и Унгарија.

Експлозивни направи беа пронајдени утрово во близина на Кањижа, во близина на меѓународниот гасовод „Турски тек“, објавуваат српските медиуми.

Покрај експлозиви, пронајдени се и предмети и алатки за нивна употреба. Врз основа на наредба на Вишото јавно обвинителство во Суботица, на споменатите локации е извршена блокада и пребарување на теренот.

Како што пишуваат медиумите во Србија, биле пронајдени четири килограми експлозив.