Американската полиција спречи терористички напад во државата Њујорк.
Уапсени се три млади лица на возраст од 18, 19 и 20 години поради план да нападнат муслимани во мал град крај Олбани, главен град на таа аемриканска држава.
Во куќа на нивни малолетен помошник биле пронајдени три бомби. Откриени се и повеќе од 20 парчиња оружје.
Властите дејствувале за заговорот по сигнал од дете кое учело во исто училиште со 16-годишниот помошник на осомничените.