Најновото истражување на Центарот за евроатлантски студии (ЦЕАС) покажува дека 11 отсто од граѓаните во Србија поддржуваат влез во НАТО, 68 отсто од испитаниците се против, а 21 процент се неопределени, информира директорката на ЦЕАС, Јелена Милиќ.
Таа смета дека е интересно тоа што бројот на неопределени расте, а се намалува бројот на противниците на евроатлантски интеграции.
Милиќ во изјава за денешното издание на „Политика“, по повод пораките упатени на собир во организација на Иститутот за европски студии и Фондацијата „Ханс Зајдел“, вели дека ЕУ одреден период нема да се занимава со проширувањето, а оти е реално да се очекува ширење на НАТО, напоменувајќи дека подлабоката соработка меѓу Србија и НАТО е предуслов за формализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
Таа укажа дека мнозинството испитаници, се против влезот во НАТО поради бомбардирањето и односот кон Косово.
Милиќ напомена дека Приштина не е членка на Партнерството за мир и оцени дека нејзиниот влез во НАТО е „многу, многу далеку“.