Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус.
Тој додаде дека таа е четврта жртва од Ковид-19 во Србија.
– Таа беше нерегулиран дијабетичар и беше на респиратор од 21 март. Лекарите направија се, но не успеаја да и помогнат, посочи Лончар.
Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да останат во своите домови.
Лончар истакна и дека досега на респиратори се 21 човек, а двете заразени бебиња се во добра здраствена состојба.