Досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани против коронавирус во Србија, точно 513.652, јави допсиникот на МИА од Белград.
Србија сè уште е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија .
Според бројот на вакцинации на милион жители само Велика Британија е подобра од Србија ,а потоа се Малта, Данска, Исланд, Ирска, Романија, Словенија, Литванија, Швајцарија, Шпанија, Италија.
Кога станува збор за регионот, Србија е убедливо прва по бројот на вакцинации на милион жители. Следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.
Според вкупниот број вакцинирања, Србија е втора во регионот, по Романија, а зад Србија се Унгарија, Хрватска, Словенија и Бугарија.
Како што објави Алијансата за вакцини Гави, Србија во првата половина на 2021 година од Ковакс механизмот треба да добие 345.600 дози на вакцината на АстраЗенека против Ковид 19.