Министрите за спорт на Србија, Грција, Бугарија и Романија потврдија заедничка кандидатура за организација на ЕП во 2028 година и СП во фудбал во 2030 година.

На заеднички состанок беше потврдено дека тие четири држави ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на двата спортски настана.

Министрите истакнаа дека тој модел на соработка во иднина може да се примени и на други манифестации од областа на спортот и проекти посветени на младите во нивните држави.

– Се надеваме дека иницијативата ќе создаде уште многу мостови за пријателство и соработка и дека заедно ќе се радуваме од 2024 година кога ќе се донесе одлуката за тој проект, нагласуваат организаторите.