Белград донел одлука да гради нафовод кон Унгарија.

Како што денеска изјави српскиот претседател Вучиќ, Хрватска се покажала како недоверлив партнер.Нафтоводот Нови Сад-Унгарија до Алџа во должина од 128 км, би чинел и до 100 милиони евра а според Вучиќ ќе бидат потребни меѓу 18 и 24 месеци за да се изгради.Планот на Србија е да се гради нафтовод и до Македонија и Албанија.

-Во согласност со договорот што јас и Виктор Орбан веќе го постигнавме, ќе започнеме со изградба на нафтовод Нови Сад – Унгарија, до Алџа, Нашата идеја е да изградиме, ќе почнеме брзи разговори со нашите партнери од Отворен Балкан, нафтовод и до Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премережиме нашата земја со нафтовод, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Зборувајќи за гасното поврзување и диверзификацијата со изворите на гас, српскиот претседател најави дека ќе се гради и гасно поврзување со Македонија, кое како што изјави , веќе е влезено во финансиските планови на ЕУ . Во меѓувреме Србија со нафта ќе се снабдува на различни начини, а ќе купува и нафта од Ирак која е за 20 насто поскапа, а ќе доаѓа преку нафтоводот Јанаф. Хрватскиот премиер Пленковиќ во Прага пред два дена потврди дека Загреб низ Јанаф за Србија нема да дозволи само пренос на руската нафта.

Сепак Србија засега нема да и воведува санкции на Русија а Вучиќ земјата останува на европскиот пат..Во денешното како што тој го нарече историско обраќање , српскиот претседател истакна дека Белград нема да дозволи членство на Косово во ОН иако за возврат се ветувало побрзо членство на Србија во ЕУ и дека тоа ќе има свои последици.