Србија останува воено неутрална,но ќе продолжи со соработката со НАТО, изјави денеска српскиотпретседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека Белград тоа го сака „без огчлед на болните сеќавања“, алудирајќи на четиримесечната кампања на воени удар на НАТО во 1999 година врз СР Југославија.
– Србија останува воено неутрална и љубоморно тоа ќе го чува.Ние добро соработуваме и ќе соработуваме со НАТО, изјави Вучиќ на отворање на вежбата Србија 2018 во Младеновац близу Белград.
Генралниот секретар на НАТО кој е во посета на Србија рече дека кај Младеновац не се работи за „воена туку за вежба за цивилна подоготвеност“ како и “платформа за оние кои први реагираат“.