Српската полиција приведе 25-годишен маж од Књажевац, откако во една продавница на продавачката и кажал дека доаѓа од Италија и дека ќе ги зарази со коронавирус, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Тој се товари за кривично дело предизвикување паника и нереди.

Судија по претходна постапка му изрече притвор во траење од 30 дена.