Членовите на Владата на Србија изразиле жалење за загубените човечки животи во оваа природна катастрофа, а средствата се наменети да помогнат во обнова на уништените згради, од кои многу се од јавна важност.
Земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска, при што загинаа најмалку седум лица и е предизвикана голема материјална штета.