Хипер инфлацијата во Србија пред три децени ја дигна цената на 100 милиони динари за еден сомун леб, 70 милиони чинеше едно јајце, а кајмакот милијарди динари.
На денешен ден пред точно 30 години, потсетува порталот Република, Советот за безбедност на ОН воведе санкции за тогашната Сојузна Република Југославија.
На 30 мај 1992 година, Советот за безбедност на ОН ја усвои Резолуцијата 757, со која беа воведени санкции за тогашната СР Југославија, како главен виновник за војната во БиХ.
Непосредна причина за воведување санкции на СРЈ беше масакрот на цивилите во редот за леб во улицата Васе Мискина, во центарот на Сараево, за што беа обвинети Србите од БиХ.
Со санкциите освен извозот забранет беше и транзитот на стоки, како и трансферот на средства.
Тоа произведе хипер инфлација. За илустрација, еден леб тогаш чинеше 100 милиони динари, кајмак 2 милијарди, едно јајце 70 милиони динари, а кромид 1,8 милијарди.
Извор: Република