Србија ги заострува мерките против епидемијата од коронавирусот и забранува движење од сабота од 13 часот до понеделник изутрина до до 5 часот, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Очекуваме во следните 72 часа да се зголеми бројот на заразени, за жал и бројот на мртви, рече Вучиќ.
Денеска во Србија починале три лица, а 81 пациент се ставени на респираторни машини.
Како што изјави Вучиќ, најмногу позитивни на коронавирусот има во Белград, Ќуприја, Чачак и Ваљево.
Утре во Србија се очекува да стигне првиот авион со тим лекари и медицински персонал од Русија.