Владата на Србија донесе одлука за формирање на Координативно тело за воспоставување на граничниот премин Миратовце-Лојане меѓу Србија и Македонија.

Задачата на Координативното тело, како што е наведено во документот објавен во Службен весник, е „да ги преземе сите мерки и активности за исполнување на потребните услови за воспоставување на граничниот премин Миратовце-Лојане“.

Албанците од Прешево во Србија, како и во прекуграничното место Лојане, со години наназад бараат отворање на уште еден граничен премин кон Македонија и обратно кон Србија.

Пред осум години, околу илјада жители на Миратовце во општината Прешево побараа од македонската и српската влада да донесат одлука за отворање на граничен премин.

Причината за ова, како што наведоа, е што многу имоти и роднините, по воспоставувањето на новите државни граници меѓу Србија и Македонија, останале на спротивната страна на границата.

Оддалеченоста меѓу селата Лојане и Миратовце изнесува три километри, но жителите на Лојане мораат да патуваат и по 33 км за да стигнат до Миратовце, преку граничниот премин Табаноце-Прешево.

За отворањето на овој граничен премин зборуваа и премиерите на двете држави, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, во август годинава, при отварањето на заедничкиот премин Табановце- Прешево.