Млад, силен и посветен на вежбањето и здравиот живот Гарт Садерст доживеа срцев удар откако срцето не му чукало цели 20 минути. Сепак, љубовта кон фитнесот го спасила. Едеен од сопствениците на теретаната во која вежбал, откри дека Гарт лежел на под, му го допрел пулсот кој не можел да му го пронајде и започнал со прва помот, додека некој друг ѕвонел во Брза помош.
“Добив повик од Клеј кој поседува теретана, тој ми реле дека Гарт се срушил и да дојдам што побрзо. Веднаш се упатив кон теретаната, цело време мислејќи дека повторно ќе ми се јави и ќе ми каже дека сè е во ред, но тоа не се случи. Кога пристигнав, здогледав доктори околу него. Беше ужасно. Беше блед и ладен”, рече неговата девојка Сорел Луис.
Откако беше префрлен во болница, 39 годишниот фитнес фанатик доби прогнози дека има само 8 % шанси за преживување, но покажа дека е медицинско чудо.
Гарт се разбудил од кома со неоштетени органи, а докторите сметаат дека неговото вежбање и фактот дека внимава на своето тело се покажале за спасители во оваа ситуација, со оглед на тоа дека неговите органи продолжиле да работат откако неговото срце престана да чука и дека функционирале сè додека неговото срце повторно не почна да чука. Гарт е сместен во болница каде некое време бил без свест.
“Тоа беше тешко време, но напредокот кој го направи Гарт е неверојатен. Ретко кој ќе го преживее она што Гарт го погоди. Фактот дека е толку силен и фит, сигурно му го спасија животот”, рекла Сорел.
Докторите тврдат дека Гарт преживеал бидејќи имал неверојатно високо ниво на кондиција, благодарејќи на што неговите органи и понатаму функционираат, после повеќе од 20 минути без кислород.
“Му беше многу тешко, мораше повторно да научи да зборува, да не запознае сите нас, сè што претходно работел без размислување, сега требаше сето тоа да го научи. На почетокот не можеше да се присети на никој и тоа беше најлошо”, вели Сорел.
„Ми беше страв дека никогаш нема да се присети на нашите животи и неговото семејство. Но, дојде момент кога праша за нашата ќерка Лили и тоа беше чудо. Набрзо сè се сведе на тоа само да излезе од болница, за да може да продолжи да живее да работи и да се грижи за нас”, се присетува неговата девојка.
Денот кога сè тргнало на подобро, таа седела со неговата сестра во болницата. Тие му ја пуштиле омилената песна „Хеј Џуд“ и тој почнал да пее. Луис вели дека во тој момент и двајцата почувствувале огромна возбуда и надеж дека Садерст ќе закрепне.
Садерст се вратил дома, но заздравувањето не одело брзо, како што се надевале. Додека се опоравувал, неговата девојка и ќерка полека се навикнувале на новиот начин на живот.
„Многу е важно луѓето да ја слушнат неговата приказна за да бидат свесни дека секој може да добие срцев удар, без разлика на физичката состојба, па дури и луѓето кои се силни како Гарт. Опремата како дефирбилатор и познавање на прва помош може да спаси нечиј живот, вели неговата сестра.