Македонскиот каратист Дејан Недев освои сребрен медал во кати на Светскиот обединет карате куп во Лињано Сабјадоро, Италија.
Златниот медал го освои домашен натпреварувач, кој според македонската експедиција во Италија, послабо ги извеел катите од нашиот репрезентативец.
Италијанецот за неколку класи послабо од Дејан ги изработи катите. Тоа беше очигледно за целата публика и јавност која го следеше финалето. Дејан Недев за класи беше подобар во изведбите на катите (поцврст, поексплозивен, поенергичен) од победникот кој судиите буквално му ја подарија победата и златниот медал на домашниот натпреварувач, информираа од МТКФ