Македонскиот актер Диме Илиев и српската актерка Неда Арнериќ, познати по своите улоги во легендарниот филм „Исправи се Делфина“, по 20 години се сретнаа повторно во Центарот за култура во Битола.

Актерката Арнериќ настапи во претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме”, а меѓу бројната публика во Битола беше и актерот Диме Илиев, со кого пред 43 години настапија во филмот „Исправи се Делфина“.

 

Средбата „без режија“ на Илиев и Арнериќ во НУ Центар за култура, битолчани ја поздравија со долготраен аплауз.