Теми на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Белград на разговорите со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ беа од економски аспект, пред се на јакнење на енергетската соработка особено во поглед на гасното поврзување и инфраструктурата, како и иницијативата за зеднички енергетски и гасен пазар на регионот, јави дописникот на МИА од Белград.
На почетокот на прес-конференцијата со Петков, српската премиерка кажа дека „она што е исклучително значајно, немешајќи се во внатрешни прашања на други држави и партнери е што вашата прва посета беше на … Македонија, што говори доволно што вие како премиер посветувате внимание на регионот на Западен Балкан и на евроинтеграциите на Западен Балкан.“
-Мене како премиер на прво место ми се евроинтеграциите на Србија, но заради регионалната стабилност на целиот Западен Балкан исклучително ми е важно да видиме напредок на европскиот пат на нашите партнери и пријатели од … Македонија, секако и на Албанија и БиХ и благодарам што со тој пат покажавте исклучителна посветеност на решавањето на сите отврени прашања, за да сите имаат европска перспектива, изјави Брнабиќ.
Таа изрази благодарност до Бугарија за отварање на кластерите на Србија во преговорите со ЕУ и порача дека ја бара бугарската подршка за орварање и на кластерот три.
Брнабиќ и Петков на прес-конференцијата истакнаа дека Софија и Белград меѓу другото се заинтересирани и за заеднички гасен и енергетски пазар.
Според Петков, регионалното поврзување е важно за Софија како услов за економски развој, со акцент на енергетската поврзаност.
-Заедно сме многу посилни и во преговорите со земјите надвор од регионот, нашата поврзаност со Грција е приоритет за Бугарија за да има директен пристап до течен гас, а постои голем потенцијал за заеднички пазар на гас, изјави Петков.
Верувам дека ќе успееме во тоа во краток рок, кажа тој, додавајќи дека тоа подразбира врски со … Македонија и Грција кои можат да се обединат во зеднички пазар, заедно со инфраструктурното поврзување.
-Обединети ќе можеме зедно да преговараме за цените за течен гас. Бугарија сака да купи три милијарди метри кубни гас, Србија шест, Република … Македонија две и да имаме заеднички пазар со максимална диверзификација за да може да купуваме од различни места и да имаме подобри цени и услови што води кон подобра независност, изјави Пеков на прес-конференцијата, додавајќи дека се водени разговори и на полето на нуклерната енергија.
Премиерите на Србија и Бугарија се договорија да бидат во директен личен контакт со цел решавања на прашањата кои се однесуваат на малцинствата, а за чија подобра положба ќе придонесат гасниот интерконектор, новите патишта и железницата меѓу двете држави.